“Алиса во Земјата на Чудата“ и „Низ огледалото“ наскоро преку камерата на Бартон
„ Годината 1937 сериозниот и почитуван професор на Оксфордскиот универзитет Џон Роналд Рејел Толкин објави – по повеќе прилози од филологија и извесен број главно незабележани песни – необичен роман за кепеци, џинови, волшебници, змејови и, се разбира хобити, „Хобит или Таму и назад“, чијашто популарност далеку ќе ја надмине научната репутација на својот автор. Во некоја друга универзитетска средина ваквото дело можеби не би му донесло многу почитување и дури би можело негативно да му влијае врз натамошната професорска кариера, но не треба да се заборави, тој на Оксфорд имал во тоа славен претходник – Чарлс Лудвиг Доџсон, во литературата попознат по својот псевдоним Луис Карол: …професор по логика и математика, кој во 1865 ја објавил својата разиграна низ лавиринтите на смислата и бесмислата, со логиката на сонот изместената „Алиса во Земјата на чудата“… “
Влада Урошевиќ “Подземна Палата“

Се прашувам само колку ли километри сум изминала за сето ова време? Би требало да сум веќе близу и до центарот на Земјата. Чекај да видам: тоа би било ми се чини на шест илјади километри длабочина.“
Едно попладне во далечната 1862, на еден брод кој ќе испловил по Темза, Лудвиг Доџсон (Луис Карол) не само што наративно ќе ги вовлече ќерките на Хенри Џорџ Лидел (Лорина, Алиса и Едит) во еден надреална авантура исполнета со бизарности и бесмислености, туку истите токму тогаш, без да знае ќе ги запише во она што би можело да се нарекува биографски сеќавања за настанокот на светската литература. Патувањето по реката, долго пет милји, ќе се покаже како совршена колевка за лудата приказна на професорот во која на почетокот едно девојче, неслучајно наречено Алиса, „умира од досада“ покрај насипот додека нејзината сестра чита една голема книга без слики и разговори. Се разбира, таквиот почетокот на приказната уште веднаш доживува драстична промена, па така таа за неполна минута пред нејзините очи се појавува бел зајак кој гледа во својот џебен часовник и извикува „Оф леле, леле мајко! Премногу ќе задоцнам„. Алиса тргнува по него и го следи се до зајачката дупка, а таму, сите знаеме, без страв од амбисот и со гради полни храброст нурнува во него и така започнува да паѓа… надолу, надолу, надолу, надолу… кон нејзината „подземната палата“…

Вешто сплетена да одговара за секоја генерација книгата ќе стане една од најраспространетите и најпопуларни книги на денешницата.
Приказната што ќе ја смисли почитуваниот професор за ќерките на ректорот на Универзитетот Оксфорд тоа попладне, после три години, по барање на истите малите девојчиња ќе биде запишана на хартија и издадена. Веста за книгата исполнета со грст необични ликови со чудно однесување, бесмислености, нонсенс поезија, но и поуки, животни лекции за помладите, како и наивно вметнати филозофски прашања, уште тогаш со неверојатна брзина ќе се рашири низ светот. Вешто сплетена да одговара за секоја генерација книгата ќе стане една од најраспространетите и најпопуларни книги на денешницата. Преведена на 125 јазици, во многу земји (вклучувајќи ја и нашата) прифатена како задолжителна лектира, книгата „Алиса во земјата на чудата“ и денеска доживува нови изданија и нови адаптации.

Деветнаесет годишната Алиса се враќа во магичниот свет од нејзините детски денови, каде што се наоѓа со своите стари пријатели и учи за нејзината вистинска судбина: да стави крај на терор на Црвената Кралица.
После славната сага за Алиса во подземјето, во 1872 година професорот Карол го пишува и продолжението на Алиса наречено: Низ огледалото (Through the Looking-Glass, and What Alice Found There). Иако оваа книга е третирана како надоврзување, таа всушност нема никаква врска со настаните кои се случуваат во „Алиса во земјата на чудата“. Во „ Низ огледалото“ Алиса практично влегува низ огледалото во нејзиниот дом, и за миг се наоѓа од онаа – другата страна. А таму се е различно и обратно. Во новата околина Алиса мора да и помогне на белата кралица, да ја преземе власта од суровата црвена кралица (оваа црвена кралица не е истата таа со која Алиса во првиот дел игра крикет, туку некоја сосема друга). Победата која треба да се издвојува е всушност победа во играта шах, па така Алиса во овај дел станува пион на белата кралица. Како и во Алиса и тука книгата е исполнета со поезија и најразлични трикови и игри. Некои ликови се повторуваат, па така тука повторно се: Hatta и Haigha, Шапкарот (Mad Hatter), Белиот зајак, како и „некој“ и „никој“, но за Алиса тие повторно се нови ликови и таа не се „сеќава“ на нив. Исто така наместо мачката на Алиса која се споменува во првата книга, тука сега постојат две други мачиња, едното црно, а друго бело. Откако Алиса на крајот ќе се разбуди од својата фантазија, таа ги држи двете мачки, со што се донесува заклучок дека тоа се синоними за двете кралици.

По една или две минути Гасеницата го извади чибукот од устата , зевна неколку пати и се оптегна. Потем слезе од печурката излаза во тревата и притоа само забележа: „Едната страна ќе те направи повисока, а другата пониска.“ „
Луис Карол умира во 1898, и за само пет години не успева да ја види првата анимирана верзија на Алиса направена во 1903 како нем филм. Веднаш после тој филм започнува она што сакам да го наречам „црпење на животните сокови„ (некогаш за позитивни, некогаш за негативни цели за жал) на двете книги со што започнува распространувањето на Алиса по медиуми. Денеска Алиса често е поврзувана со дрога и тоа најповеќе поради јадењето на печурки кои смалуваат и згоелмуваат и гасеницата „хашишо-пушач“. Постојат секакви верзии па дури и порно верзии. Ако веќе ја земеме телевизијата како пример, секако сите ќе кажат дека најраспространета филмска адаптација е онаа анимираната на Дизни во 1951. Се чини дури дека не постои човек кој не ја знае, па дури сум и сигурен дека денеска луѓето повеќе се присетуваат на таа славна анимација отколку на зборовите на самиот Карол. Интересно е тоа што после повеќе од педесет години Студиото на Дизни реши да направи нов, овај пат игран филм, чија главна логистика ќе биде анимацијата и новиот 3d тренд. Работата му беше доделена, на кога ако не на бушавиот и маестрален Тим Бартон.
Филмот исто како и неговите претходни адаптирани роднини, ќе биде комбинација на двете книги, а колку што можев да прочитам од кратко објаснување, ќе биде сконцентриран на деветнаесет годишната Алиса која се враќа во магичниот свет од нејзините детски авантури. Таму се наоѓа со своите стари пријатели и учи за нејзината вистинска судбина: да стави крај на терор на Црвената Кралица.. Така публиката ќе ја добие помалку популарната верзија на Алиса иако филмот повторно ќе се вика „Алиса во земјата на чудата“.
Датумот на премиерата е закажан за 5 март 2010. До тогаш – чекаме.
Еве нешто наместо торент:
Во што е сличноста помеѓу гавранот и клупата за пишување?











This post has 12 comments
февруари 19th, 2010
joj,човек,ок е,незнаеш,од мене ќе дознаеш,незнаев ни јас,па затоа и примери ќе пишам
викаш Чаплин а? знам на што целиш,сакаш да кажеш дека на тие канали има само амерички комерцијални филмови како Hulk и Fantastic Four
е па си се зезнал Ненаде
сега ќе почнат лиги да ти течат
покрај канали кај што даваат такви филмови,има и канали со други филмови,класика филмови,авторски филмови,европски филмови,култни филмови,и имаш опција да си наместиш превод каков сакаш,ако знаеш англиски,тогаш англиски,ако сакаш шпански да учиш и после во Ла Кана да си фраер,местиш шпански итн.
еве ќе набројам канали:Sky Cinema Classics,Turner Classic Movies,Film Author,Canal + итн.
еве денес јас го гледав за прв пат во мојот живот Solaris на Tarkovsky на Film Author,всушност денес даваа само филмови од Тарковски
вчера даваа од Никита Михалков,руска недела е оваа недела
претходно имаше циклус филмови од Wim Wenders,Lars Von Trier,Bertollucci,Michael Winterbottom,Aldomovar,Bryan De Palma,John Houston,Aronofsky…
Чаплин??? Барем на еден канал од овие сите,даваат еден во денот
Бастер Китон сакаш? No problemos amogo!
Any comments?
февруари 19th, 2010
море човеку, немој да ми кажуваш дека е исто да го имаш филмот на цд, во компјутер и да си го пуштиш кога сакаш отколку да го чекам или нарачувам на Тв. Гледај си тоа каналите и уживај – мене ми е супер вака. плус тоа јас одмана се одвикнав да гледам тв, така да…
плус тоа ове не е пост за торенти и филмови, постов е за карол и алиса….
дај доста со темава.
февруари 16th, 2010
bluebird ќе дојде…
вуду ти бе секој филм да не го купуваш, случајно?
не ме зезај жити се!
ако го има на кино – што ретко се случува – јас му давам предност. али ако го нема, па неам толку пари бе! кај ми е крјаот.
февруари 16th, 2010
така збориш дека не работиш,али да,купувам,мада изгледа повеќе не ќе има потреба,затоа што ставив дримбокс и сателит,фаќам 12 сателити,3000 канали,светот ми е на дланка,не сум по тв,но од овој момент сум,зошто? па човече,има ненормални канали,затоа…канали со најнови филмови,канали со нон стоп добра музика и концерти,џез концерти нон стоп,рок тв со исклучиво квалитетни работи итн. нема комерцијални спотчиња и слично,само квалитет…еве утре на еден канал ќе го даваат Inglorius Basterds на Тарантино,едвај чекам да го видам,и тоа…
секако кино си е кино,да доаѓа све во кино и да има кина,на све би идел,нема исклучоци
еве почнав во Милениум да си идам…
што сакам да заклучам?
ставање на дримбокс=кабловска за цела година,или пак Макс Тв или пак Бум Тв
ставање на дримбокс=интернет со се сите даунлодирања на тие торенти
размисли,ќе видиш
не викам дека не треба нет
но,кога некој ќе ми каже дека симнал во месецот 100 гига??? ма ајде…болест човече,болест…
не мислам да мудрувам,ова е само добронамерен совет,но зарем некој ако сака да оди на некој концерт во Белград,нема да отиде? ќе отиде,така? ако треба од цигари ќе се откаже ако толку сака да оди…и така натака,во круг…
февруари 18th, 2010
тоа зборам дека немам постојано место на живеење засега- како номад сум
тоа шо го збориш со каналите е така, али шо ако сакам да го гледам Чаплин и ткн? Шо тогаш?
не е баш така. Торент си е супер работа а секако дека кога ќе имам толку пари се што сакам ќе си купам оригинал.
до тогаш вака
нека почнат нашите кина да носат квалитетни филмови и се е биде во ред.
февруари 16th, 2010
од секогаш
а бе знаеш што е лошо
сите тука на блогерај мислите дека јас се убивам од симнување музика
пошто закачувам мп3-ки
всушност не
јас трошам 2 гига месечно
ми останува неискористен оној нет
што сакаш ќе ти симнам…
па филм,никогаш не сум ни симнал
а торент никогаш немам употребено,веруваш или не,всушност не ни знам што е тоа торент
она што сум против е гледање филмови на лап топ или писи,затоа реагирам,на пример,како бе може некој Аватар да го симнува и гледа на лап топ,тоа е злосторство
немам што повеќе да кажам,све кажав
февруари 15th, 2010
Ууфффф, лиги почнаа да ми течат, се утепав од глеање трелери брееех, ајде нека дојде побрзо!!!!!!!!
февруари 15th, 2010
вуду од кога ти бе така за торентиве?
норамлно дека е поубаво да дојде во кино – и ја велам то, али ето .
февруари 15th, 2010
светот отиде у пм
сте се научиле со тоа торент,па торент
ебати торент!
дај Боже да дојде во Милениум!
ама ја имам програмата за следниот период,го нема на листата…
јули 22nd, 2010
AsgVXk nueqwuahrnwb, [url=http://ispjuofcfmoz.com/]ispjuofcfmoz[/url], [link=http://uriembtbphpk.com/]uriembtbphpk[/link], http://psqprypuzivq.com/
февруари 14th, 2010
ќе трева малце повеќе да почекаш зошто дури излезе добар торент ќе помине уште некој месец
еве на пример може Милениум да го донесат. би било супер.
февруари 14th, 2010
лееееее едвај чекам 5 март да дојде… =)